Polski

English

Română

Deutsch

Lietuvos

Norsk

Magyar

български

Latvijas

Македонски

hrvatski

čeština

Eesti

Svenska

Language

Постојат специјални норвешки закони за кои ќе треба да бидете свесни кога возите каботажа или комбиниран транспорт во Норвешка. Дополнително, би сакале да се запознаете со некои општи закони на ЕУ и услови специфични за Норвешка.

Со оваа публикација „Мајката советува“, ние сакаме да ве информираме вас, странските возачи кои работат во Норвешка, дека сѐ додека ги почитувате посебните барања кои се однесуваат на оваа земја и ги земате во предвид условите на патот со кои ќе се соочите, тогаш можете да се сметате за добредојдени да возите по нашите норвешки патишта. И како што секој знае, секогаш е паметно да се слушаат советите на мама.

Artboard 1

Барања за минимална плата и надомест за храна

Барања за минимална плата и надомест за храна

Кога возите каботажа и/или комбиниран превоз во Норвешка, услов е да ви ја платат норвешката минимална плата плус хранарина.

Artboard 1

Барања за гуми и синџири за снег

Барања за гуми и синџири за снег

Во Норвешка, условите на возење може да бидат многу тешки, особено во текот на зимата, и можат да се променат многу брзо.

Во Норвешка, условите на возење може да бидат многу тешки, особено во текот на зимата, и можат да се променат многу брзо.

За оваа причина, постојат и специфични барања во поглед на гумите и синџирите за снег за тешки товарни возила.


Зимски гуми:

Услов е сите гуми на вашето возило да се брендирани зимски гуми (М+S, 3PMSF, итн) од 15-ти ноември до 31-ви март секоја година. Гумите треба да се со специјална намена за зимска употреба.

Длабочина на шарите и синџирите:

Trīs ziemeļu apgabalos Во трите најсеверни области во Норвешка, од 16-ти октомври до 30-ти април секоја година услов е гумите на возилото да имаат длабочина на шарата од најмалку 5 mm и да се поставени синџири за снег. Што се однесува до остатокот од Норвешка, ова правило важи од 1-ви ноември до првиот понеделник по Велигден секоја година.                                                                                                                                                                                                      no 16. oktobra līdz 30. aprīlim jums būs nepieciešami vismaz 5 mm biezuma protektori un līdzpaņemtas sniega ķēdes. Pārējā Norvēģijas daļā šī prasība ir spēkā no katra gada 1. novembra līdz pirmajai pirmdienai pēc Otrajām Lieldienām.

Без оглед на датумите утврдени погоре, важно е да имате квалитетни гуми и поставени синџири за снег (ако снежните услови на денот кога возите бараат таква мерка на претпазливост).

Прочитајте повеќе на: www.vegvesen.no/wintertyres (на англиски)

Artboard 1

Барања за периодот за возење и одмор

Artboard 1

Ова треба да го знаете за зимски услови на возење во Норвешка

Ова треба да го знаете за зимски услови на возење во Норвешка

Кога времето е лошо или кога постојат тешки услови за возење во планините, постои ризик дека патот ќе биде затворен или дека ќе морате да се приклучите на конвој.

Кога времето е лошо или кога постојат тешки услови за возење во планините, постои ризик дека патот ќе биде затворен или дека ќе морате да се приклучите на конвој.

Ова може да значи дека ќе мора да почекате некое време пред да ви биде дозволено да продолжите со своето патување. Поради тоа, ве молиме осигурите се дека носите топла облека и нешто за јадење и пиење додека чекате. Исто така е препорачливо целосно да го наполните вашето возило со гориво пред да го започнете патувањето низ планините.

Запомнете дека рутата што ви ја предлага вашиот GPS-систем не е секогаш соодветна за тешки товарни возила. Затоа многу добра идеја е да проверите дали предложената рута е соодветна за вашето возило.

Во прилог на инспекции од страна на властите по должината на рутата на вашето патување, можете да наидете на терминали за проверка, каде се врши преглед на гуми, синџири за снег и товарот на вашето возило. Овие терминали за проверка се дел од проектот наречен „Trygg Trailer“ (Безбедна приколка). Ако нешто не е во ред со вашето возило, ќе се соочите со ризикот да не ви биде дозволено да го натоварите вашиот товар.

Можете да најдете повеќе совети за возење на тешки товарни возила во Норвешка во „Водич за камионџии“:

Прочитајте повеќе на: www.vegvesen.no (Водич за камионџии 1)

Прочитајте повеќе на: www.vegvesen.no (Водич за камионџии 2)

Прочитајте повеќе на: www.vegvesen.no (Водич за камионџии 3)

Преземи како PDF

За кампањата:

„Мајката посочува“ е иницијатива која има за цел да се зголеми свеста кај странските возачи на тешки товарни возила и нивните работодавачи за одредени правила и услови на возење кои се однесуваат на Норвешка. Иницијативата е започната од страна на група на организации на работодавачи, синдикати и државни органи.